27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросовер кој наликува на Mustang ќе ја предводи новата ера на Ford

Кросовер кој наликува на Mustang ќе ја предводи новата ера на Ford

„Ford“ планира на пазарот да го лансира својот прв целосно електричен модел, кросовер со преден погон кон средината на 2020-та година.

Кросоверот наречен „Mach 1“, поради дизајнот базиран на „Mustang“, ќе биде изработен на „C2“ платформата на која настана и новиот „Focus“.

Oвој компактен „SUV“ со кодно име „CX430“ ќе има конценционален изглед на хечбек со зголемен клиренс.

„Mach 1“ е само првиот во низа електрични кросовери со кои „Ford“ планира да ги замени хечбек и лимузинските верзии во блиска иднина и да се фокусира на „SUV“ сегментот.

Овој модел би требало да поседува батерија која ќе му овозможи домет од речиси 500 километри со едно полнење, а најверојатно ќе се произведува во фабриката на „Ford“ во Мексико.

„Ford“ планира до 2022-ра да претстави 16 електрични автомобили, од кои некои ќе бидат развиени екслузивно за кинескиот пазар.

Американскиот гигант се состави тим инженери кој се нарекува „Tim Edison“ кој е задолжен за развој на електрични автомобили, а има значително поголема автономија, отколку што тоа е вообичаено во Мичиген.

Покрај „EV“ модели, „Ford“ планира и воведување на хибриден погон во моделите како што се „F-150“, „Escape“ („Kuga“ во Европа), „Explorer“ и „Mustang“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП