17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски се сретна со новиoзбраната гувернерка

Тевдовски се сретна со новиoзбраната гувернерка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Тевдовски ѝ ја честиташе функцијата на Ангеловска-Бежоска и рече дека и во наредниот период очекува добрата соработка помеѓу Министерството за финансии и Народната банка да продолжи.

На средбата беа констатирани солидната макроекономска позиција и стабилноста на финансискиот систем. Исто така, беше заклучено дека добрата координацијата на фискалната и монетарната политика, во насока на остварување на макроекономските цели, ќе продолжи и во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП