5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Блокирањето на инвестициските процеси прави огромни штети на градежништвото

ССК: Блокирањето на инвестициските процеси прави огромни штети на градежништвото

Градежната комора на Македонија смета дека блокирањето на инвестициските процеси прави огромни штети на градежништвото и бара почитување на законската регулатива во целост за издавање одобренија за градење.

На денешната прес-конференција комората побара продожување на рокот за привилегирана стапка од пет отсто за ДДВ при прва продажба на станови до 2023 година и измени на клучните закони со кои ќе се помогне и забрза градежната активност, со што би се стимулирала работата на градежниот сектор.

Претседателот Ивица Јаќимовски рече дека компаниите се среќаваат со сериозни административни проблеми на општинско ниво при издавање одбренија за градба. Јакимовски посочи на статистиката која, како што рече, покажува дека во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење од кои 119 за објекти за високо градба, 35 за објекти од ниско градба и 57 за објекти за реконструкција, што е за 45.1 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

„Непочитување на законските рокови од 20 денови значи пролонгирање на процесот на градба, што, пак, значи дополнителен трошок и за компанијата и за граѓаните и сите инволвирани во процесот. Потребно е да се постави динамика во која точно ќе се знае обезбедената инвестиција, динамичката реализација, начинот на плаќање, редовно сервисирање во делот на плаќање, редовно извршување на обврските кои се предвидени каде влегуваат и временските услови“, изјави Јаќимовски и додаде дека доколку продолжи овој тренд, инвестициите ќе стагнираат и компаниите нема да можат да го издржат финансискиот товар.

Потпретседателот на Градежната комора на Македонија, Зоран Азманов, истакна дека продолжување на привилегираната даночна стапка од пет отсто за данокот на додадена вредност за продажба на станбен простор е друг сериозен фактор кој треба официјално да стапи на сила, со цел компаниите да почнат со реализација на проектите.

„Доколку што поскоро официјално не се продолжи временскиот рок на оваа мерка, ќе следи намалување на приходот во буџетот по основа на придонеси и персонален данок, како резултат на намалената вработеност во секторот, потоа намалување на приходот во буџетот по основа на данок на додадена вредност што се остварува од производство и промет на градежни репроматеријали, суровини и опрема што се вградува во новите станови, како и по основа на данок на добивка поради стагнација на пазарот на недвижности, односно станови и намалување на прометот. Дополнително, станбеното прашање на младите потешко ќе се решава и тие ќе заминуваат од државата, а ќе следи и одлевање на дел од парите надвор од платениот промет“, изјави Азманов.

Градежната комора смета дека поволен бизнис-амбиент за развој на компаниите, во функција на зголемување на конкурентноста, инвестициите, извозот и иновациите, е услов за долгорочен економски раст и стабилност на градежниот сектор, преку стратешкото планирање, со долгорочни зацртани проектни активности и цели. Велат дека стабилност на градежниот сектор значи стабилност и за 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП