7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобрани 50 кубни метри кабаст отпад во акцијата во општина Аеродром

Собрани 50 кубни метри кабаст отпад во акцијата во општина Аеродром

Околу 50 кубни метри кабаст отпад се собрани во акцијата што изминатите неколку дена се реализираше на целата територија на Аеродром, соопшти Општината.

Акцијата беше спроведена во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а граѓаните имаа можност да се ослободат од стар и неупотреблив мебел, електрични и електронски апарати од домаќинствата.

Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП