19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackstone купи синџир на хотели за 3,7 милијарди долари

Blackstone купи синџир на хотели за 3,7 милијарди долари

Американската хотелска компанија „LaSalle Hotel Properties“ одлучи да ја прифати понудата за купување на компанијата за приватни капитални инвестиции „Blackstone Group“ во вредност 3,7 милијарди долари во кеш, откако ја отфрли понудата на конкурентската компанија „Pebblebrook Hotel Trust“, пренесува „Ројтерс“.

Понудата на „Blackstone“ ја проценува „LaSalle“ на 33,50 долари по акција и претставува бонус од 5% во однос на цената на акциите на компанијата при затворање на тргувањето во петокот.

Понудата на „Pebblebrook“ кој ја проценуваше американската хотелска компанија на 35,89 долари за акција врз основа на цената на акциите на крајот на петочната трговија, предвидуваше исплатата на максимум 20% во готово, а на останатото во акции.

„Понудата на „Blackstone“ испорачува инстант и сигурен кеш“, вели аналитичарот на „Besser Equity Research“, Мајкл Белисарио.

Претседателот на „LaSalle“, Стјуарт Скот соопшти дека одржувал контакт со 20 потенцијални купувачи и потпишал договори за доверливост со десет од нив, пред да донесе одлука да ја прифати понудата на „Blackstone“.

Цената на акциите на „LaSalle“ се искачија над предлогот на „Blackstone“ и достигна 33,70 долари, или раст за 5,6%, во понеделникот, што покажува дека пазарот е очекувал повисока понуда.

„Pebblebrook“ ја зголеми понудата на 20-ти април до 31,75 долари по акција, откако „LaSalle“ ја отфрли претходната понуда, велејќи дека ја намалуваат нивната вредност.

„Blackstone“ обично купува хотели и други недвижности со попуст, потоа ги реструктуира и ги продава за профит.

Минатиот петок компанијата за приватни капитални инвестиции се повлече од „Hilton Worldwide Holdings“ по речиси 11 години, како продаде удел од околу 5,8%, или 15,8 милиони акции во хотелскиот синџир за околу 1,32 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП