2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверна Рајна-Вестфалија - златна енклава во срцето на Европа

Северна Рајна-Вестфалија – златна енклава во срцето на Европа

Германскиот регион Северна Рајна-Вестфалија е еден од најбогатите во светот и ужива привилегирана локација во срцето на Европа.

Дизелдорф е главниот град на областа, каде што живеат 600.000 лица, но околу 160 милиони живеат во радиус од 500 километри, што значи околу една третина од европските потрошувачи. Малку се областите кои овозможуваат пристап до таков широк пазар, пишува „Expansion“.

Географската локација во комбинација со квалитетот на инфраструктурата и иновациите и Истражувањето и развојот стимулираат директни инвестиции во регионот. 18 од 50-те основни германски компании се наоѓаат во Северна Рајна-Вестфалија, која се одликува и со висока концентрација на мали и средни претпријатија.

Покрај тоа, постојат речиси 60 технолошки центри во областа кои прифаќаат иновативни стартапи и високотехнолошки компании.

Економијата на Северна Рајна-Вестфалија со години е определена од секторите за рударство и јаглен. По падот на оваа индустрија областа успева да се преориентира и сега таму се развиваат мноштво сектори, меѓу кои се истакнуваат хемиската и фармацевтската индустрија, како и машинската и автомобилската индустрија.

Областа е отворена за увоз на стоки за широка потрошувачка, особено од текстилниот и малопродажниот сектор. Друг сегмент кој нуди многу можности е оној на индустриските компоненти, како и сите услуги поврзани со индустрискиот сектор – од консултации до компјутерска технологија и инженеринг.

Од друга страна, Северна Рајна-Вестфалија е еден од најпротективните региони, особено во месната индустрија. Покрај тоа, постои трговска бариера во однос на потрошувачките преференции. „Тие секогаш преферираат да добијат германски производ пред стока што доаѓа од друга земја“, рече Ен Бертш од компанијата „Berest Group“.

За да се добие одобрение на претприемач од Северна Рајна-Вестфалија, странските компании мора да исполнат многу висок квалитет и барања за организацијата. „Не е ни чудо што претприемачот сака да ги посети инсталациите на компанијата пред да почне да работи со неа. Тој обично сака да го контролира целиот процес, и не е лесно да се стекне со доверба“, објаснува Бертш. Меѓутоа, кога трговскиот однос е воспоставен, тој обично останува стабилен со текот на времето.

Северна Рајна-Вестфалија е приоритетна област за шпанската компанија „Zumex“. „Покрај тоа што е многу богата област на индустриско ниво таа има многу добра поставеност, што ја прави привлечна област за влез во Германија“, објаснува Алберто Алдасоса, менаџер за пазарен развој за Германија во компанијата.

Според Алдасоса, германските клиенти „бараат брзина и близина“, па така компанијата отвори филијала во Дизелдорф. Тоа ќе биде пета за „Zumex“, кој исто така е присутна во САД, Мексико, Велика Британија и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП