16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.235.808 евра

АД ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.235.808 евра

АД Електрани на Македонија соопшти дека во текот на вчерашниот ден продал вишоци електрична енергија во количина од 24.480 мегават-часови за сума од 1.235.808 евра.

– Продадените вишоци се „базна” и „врвна” електрична енергија за јуни 2018 година. Продажбата е извршена по просечна цена од 50.48 евра по мегават-час. За споредба, на HUPX (унгарската берза на електрична енергија), цената за базна енергија изнесува 44,94 евра/мегавати, додека за врвна изнесува 54,27, соопшти АД ЕЛЕМ.

Нова продажба на вишоци електрична енергија произведени од АД ЕЛЕМ е закажана за 5 јуни, на која ќе бидат понудени 57.360 мегавати за јули, август и септември 2018.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП