3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМонако останува најскапиот пазар на живеалишта во светот

Монако останува најскапиот пазар на живеалишта во светот

Монако останува најскапиот пазар на живеалишта во светот, а цените на станбени имоти во кнежеството се со 13% повисоки од оние во Хонг Конг, кој го зазема второто место во индексот на консултантската компанија „Savills“.

Четврта година по ред волуменот од трансакции со живеалишта во Монако надминуваат 2 милијарди евра, покажуваат податоците на компанијата. Тоа е пад за 23% во однос на рекордната 2016-та година, кога трансакциите за станбен имот достигнаа 2,7 милијарди евра.

Високата побарувачка и недостигот на станови во Монако доведоа до зголемување на просечните цени со 6% до 4,5 милиони евра. Просечната цена на квадратен метар достигнува 41.300 евра.

Во 2017-та година речиси една четвртина од трансакциите во Монако биле поврзани со имот во вредност од пет милиони евра или повеќе. Продажбата на имоти на цена над 10 милиони евра биле 34, или 8% од вкупните трансакции.

Минатата година се продадоа рекордни 50 новоизградени домови во 2017-та година. Ова претставува дел од 11% од вкупно 456-те продадени имоти, што е зголемување од 52% во однос на претходната година.

Околу 66% од трансакциите беа домови со едно живеалиште, а просечната цена на новоизградените станбени објекти достигна 4,6 милиони евра, што е најниско ниво од 2011-та година.

Растот на трансакциите беше поттикнат од продажбата во „Le Stella“, комплекс од мешани функции, кој вклучува 99 апартмани со една и две спални. Нивните цени се движат од 3 до 8 милиони евра, а комплексот е популарен како кај инвеститорите, така и кај сопствениците на живеалишта.

„Savills“ сепак очекува трансакциите со нови станбени имоти да се намалат значително во блиска иднина, бидејќи комплексите како „Le Méridien“, „Tour Odéon“ и „Le Stella“ веќе се завршени или претстои да бидат завршени и повеќето од становите во нив веќе се распродадени.

Во Монако, странски државјани живеат од 139 земји, со разновидна побарувачка за поддршка на одржлив пазар на домување, истакнува „Savills“. Податоците од последниот попис на населението покажуваат дека пораснал за 5,5% помеѓу 2008-ма и 2016-та година.

Французите остануваат најголемата група странци со удел од 24,9%, но жителите кои потекнуваат од Монако (22,5%) и Италијанците (21,9%) се зголемуваат со брзо темпо. Британците сочинуваат 7,5% од населението.

Бројот на Русите и Грците исто така расте побрзо од 2008-ма година, но и покрај тоа тие имаат мал удел од соодветно 2% и 1% од вкупната популација на кнежеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП