2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовети за жените: Не очекувајте некој да ви помогне, потрудете се сами

Совети за жените: Не очекувајте некој да ви помогне, потрудете се сами

zeni1

За напредувањето во кариерата кај жените многу е важно тие да не чекаат некој да го признае и увиди нивниот потенцијал и знаење, туку тие сами да го направат првиот чекор за да се докажат.

Постојат предрасуди и системски препреки за напредокот до највискоите позиции, но додека тие не се отстранат, жените сами мораат да ја подобруваат својата кариера.

1. Научете дека работата не е училиште

Ако жените на работа ги применуваат истите вештини како и во училиште, тие сами по себе нема да донесат успех во деловниот свет. На работа е потребен повисок степен на импровизација. Напорната работа сама по себе не е доволна, мора да импровизирате и да најдете поинакви и поуспешни нешта кои ќе ви помогнат во решавањето на обврските. Не работете според правилата во книгите, теоријата е различна од праксата.

2. Креирајте свој онлајн бренд

Жените доминираат на повеќето социјални мрежи, освен на онаа која е важна за кариерата – „LinkedIn“. Жените сакаат да се фалат за сите аспекти во животот, освен за кариерата. Креирајте „LinkedIn“ профил, побарајте препораки и редовно споделувајте статуси од вашата област.

3. Научете да го претставите тоа што сте го постигнале

Општествените очекувања од жените се скромни, „добрите девојки“ најчесто се повлечени и чекаат да бидат приметени. Успехот во бизнисот е основа на истакнувањето и одделувањето од мнозинството. Анализирајте ја вашата работа и вашите најсилни адути претставете ги достоинствено.

4. Пронајдете ментор

Жените ментори се една од клучните работи за зголемување на бројот на жени кои се на врвот. Научете од вашите поуспешни колешки, обидете се да ги вметнете во вашиот живот акциите кои тие ги спроведуваат. Дружете се со образовани, успешни и активни жени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП