6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се формира работна група за избор на универзален снабдувач со струја

Ќе се формира работна група за избор на универзален снабдувач со струја

Министрите на 69. владина седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата во врска со формирањето работна група што ќе подготви тендерска документација за постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија.

Во овој поглед Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања е обврзан во рок од 7 дена да формира работна група составена од претставници од самиот Кабинет, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Предлог за членови и заменик-членови во работната група до Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев треба да достават Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика.

Потоа, оваа работна група во соработка со Секретаријатот на енергетската заедница во рок од 60 дена треба да ја подготви тендерската документација за спроведување тендерска постапка по пат на јавен повик во согласност со прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија и да ја достави до Владата на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП