10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран бара од Европа да го спаси нуклеарниот договор

Иран бара од Европа да го спаси нуклеарниот договор

Иран во вторникот повторно побара од европските сили да го спасат меѓународниот нуклеарен договор, отфрлајќи ги најавените американски санкции, пренесува „Ројтерс“. Германија, пак, во меѓувреме соопшти дека не може да направи многу во поглед на економскиот притисок врз Техеран од страна на Вашингтон.

Неколку ирански високи воени претставници и политички лидери им одговорија на најавите на Вашингтон за „најсилни санкции во историјата“, доколку Иран не ги направи неопходните промени.

„Иранскиот народ треба да биде обединет во лицето на овие најави и треба да му возврати силен удар на американскиот државен секретар и на сите оние кои го поддржуваат“, порача Исмаил Ковсари, висок командир во Иранската револуционерна гарда, пренесуваат иранските медиуми.

Договорот од 2015 година, постигнат од страна на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија, Кина и Иран, ги симна санкциите врз Иран во замена за ограничувањето на нуклеарната програма на Техеран.

Според американскиот претседател, Доналд Трамп, овој договор е „најлошиот договор кога било“, но за европските сили тој сепак е најдобрата можност за Иран да се спречи во развивањето нуклеарна бомба, додава „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП