6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБежоска ја презеде функцијата гувернер на НБРМ

Бежоска ја презеде функцијата гувернер на НБРМ

Анита Ангеловска Бежоска ја презеде функцијата гувернер на НБРМ. Со пофални зборови за работата на нејзиниот претходник Димитар Богов, таа денеска порача дека ќе продолжи по патеката на градење стабилна и успешна монетарна политика.

-Пред мене стои предизвикот за спроведување успешна и независна монетарна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на НБРМ, а тоа се ценовната стабилност, за која сметаме дека е најдобриот придонес што може да го даде во општеството и тоа преку стратрегијата на одржување стабилен девизен курс на денарот, стабилност на банкарскиот систем, а преку тоа директно давајќи придонес за целокупната финансиска стабилност во нашата економија, порача Ангеловска Бежоска.

Бежоска вчера беше едногласно изгласана во Собранието за гувернер на Народната банка. За неа гласаа сите политички партии, по предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Таа е мајка на три деца, родена е во Шведска, а на функцијата доаѓа од позицијата вицегувернер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП