2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПогледнете ги победниците на четвртиот детски ликовен конкурс на Ладна

Погледнете ги победниците на четвртиот детски ликовен конкурс на Ладна

Заврши омилениот детски ликовен конкурс на Ладна, кој оваа година беше на тема  „Крај вода одмарам и цртам“. Натпреварувањето беше поделено во две категории, и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години.

Како и секоја година, ликовниот конкурс е од награден карактер, а Ладна обезбеди супер награди за најдобрите цртежи во двете категории и тоа:

  • Прво место- 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз
  • Второ место – 2 годишни курсеви за цртање и
  • Трето место – 2 таблети за цртање.

И оваа година конкуренцијата беше исклучително силна. Децата пратија многу интересни и креативни цртежи, па стручното жири имаше полни раце работа.

Победници на конкурсот се 5 годишниот Михаил Цветковски од Битола, кој го освои првото место во категоријата од 4 до 7 години, и 9 годишната Катја Календар од Скопје, која исто така освои прво место во категоријата од 7 до 10 години. На голема радост на Ладна, малите Михаил и Катја заедно со своите семејства ќе одат на тридневно уживање во Дизниленд, во француската престолнина Париз.

Второто место и наградата годишен курс по цртање, во категорија од 4 до 7 години го освои Ведран Стефаноски, а во категоријата од 7 до 10 години Алексеј Белешков, двајцата од Скопје.

За крај, третото место во категорија од 4 до 7 години го освои Сара Димитровска од Делчево, а во категоријата од 7 до 10 години Давид Стојановски од Прилеп. Сара и Давид ќе добијат таблети за цртање, за да го развиваат својот талент и понатаму.

Ладна им честита на добитниците на награди и им се заблагодарува на сите дечиња кои со помош на своите родители или наставници пратија цртежи и учествуваа на конкурсот. Сите дечиња кои учествуваа на ликовниот конкурс на Ладна ќе може да ги видат своите цртежи на најголемата изложба на детски цртежи во Македонија,  од 1-ви до 10-ти јуни во Мултимедијалниот Центар „Мала станица“ во Скопје.

Ладна ви порачува: „Негувајте ги талентите на вашите деца, поттикнувајте ги да бидат креативни, и ве очекуваме следната година со вредни награди и отворени срца!”

И за крај погледнете го видеото со рекацијата на првонаградената Катја Календар кога за првпат дознава дека го освоила патувањето во Дизниленд:

https://drive.google.com/file/d/1pgQ8hz3OEcDRfna6GbziaFs1GbqVdvMc/view?ts=5afd6432

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП