27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата.

Ако го погледнете последниот извештај за платите во овие три индустрии за текстил, облека и кожа, растот на платите во март годинава во споредба со март претходната година се движи помеѓу 15 и 21 проценти, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска во изјава за медиумите. Тој се осврна на објавата на Статистика за раст на мартовската плата за 5,6% на годишно ниво.

„Ако се погледнат првите три месеци годинава во однос на првите три месеци минатата година, растот е околу 5 отсто. Тоа е пред сè поради една од првите мерки која ја донесовме, односно зголемувањето на минималната плата, која придонесе околу 90 000 работници во Македонија да имаат поголеми плати“, рече тој. За нас, додаде тој, е важно што растот кај платите е предизвикан пред сè од растот кај оние работници кои имаат најниски плати.

„Станува збор за работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека. Тие претходно имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете последниот извештај за платите во овие три индустрии за текстил, облека и кожа, растот на платите во март годинава во споредба со март претходната година се движи помеѓу 15 и 21 проценти“, вели Тевдовски.

Тој посочи дека во трудоинтензивните дејности најчесто се вработени жени и дека ова покачување е поволно за родово изедначување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП