2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за надминување на дигиталниот јаз во земјите од ЈИЕ

Проект за надминување на дигиталниот јаз во земјите од ЈИЕ

99916876

Надминување на дигиталниот јаз во земјите од Југоисточна Европа преку креирање иновативни алатки за одлучување и решенија што ќе го зголемат пристапот до широкопојасните услуги, е целта на  проектот SIVA, што ќе го промовира денеска YES бизнис инкубаторот во Скопје.

Ќе бидат претставени очекуваните резултати од проектот, законската рамка за обезбедување широкопојасни услуги, предизвиците на пазарот, моментната понуда на широкопојасни услуги и нивните цени и напредокот на стратегиите за подобрување на пристапот до широкопојасна мрежа на регионално и национално ниво.

Најавени се обраќања на претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за електронски комуникации, телекомуникациски оператори и невладини организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП