5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШилегов се приклучи кон кампања за безбедност во сообраќајот

Шилегов се приклучи кон кампања за безбедност во сообраќајот

Безбедноста на учесниците во сообраќајот за мене нема цена, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој денеска присуствуваше на промоцијата на новата кампања за безбедност во сообраќајот „Ги возиме одговорните“.

„Град Скопје реши да го поддржи овој настан заедно со АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од причина што безбедноста на учесниците во сообраќајот во Скопје е во редот на нашите врвни приоритети. Многу ме загрижуваат бројките на пијани возачи во Скопје. Пред некој викенд дури 500 возачи беа фатени како возат под дејство на алкохол. Со вакви бројки не е воопшто чудно што сме на дното на листите за безбедност на улиците во европски рамки“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека можноста на нашите сограѓани кои имаат резервација преку ресторани.мк да користат бесплатен такси-превоз за враќање дома по добрата забава во некој од скопските ресторани е одлична можност да се соочиме со реалноста.

„Целта на оваа кампања е да ја зголемиме свеста кај граѓаните да возат одговорно, да избегнуваат да возат под дејство на алкохол за да не го загрозиле ниту својот ниту животот на другите учесници во сообраќајот. Граѓаните на Скопје мора да заборават на своите автомобили кога консумираат алкохол. Јавниот превоз работи до доцна во ноќта, такси-цените се релативно евтини во споредба со други градови, а сега нудиме и можност за бесплатно такси. Во вакви услови сметам дека овде веќе не може да се има никаква толеранција за возење под дејство на алкохол“, истакна Шилегов.

На прес-конференцијата присуствуваа и Ристо Манчевски, секретар на Републички совет за безбедност во сообраќајот, Росана Јанков, портпарол во АМСМ, и Ивица Пигуловски, претставник од проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП