3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHarbour Energy ја зголеми својата понуда за австралиската Santos

Harbour Energy ја зголеми својата понуда за австралиската Santos

Американската „Harbour Energy“ упати во понеделникот финален предлог за купување на австралискиот конкурент „Santos Ltd.“ за 10,8 милијарди долари, зголемувајќи ја својата понуда за пет пати во рок од девет месеци, откако цената на нафтата се покачува постепено, одвраќајќи секакви потенцијални конкурентни понуди, информира „Ројтерс“.

Акциите на производителот на гас и нафта поскапа како резултат на примамливиот предлог, но остануваат под понудената цена во позадина на несигурноста дали Владата ќе го одобри најголемото спојување на компанија во Австралија.

„Човек може да си помисли дека новото зголемување на понудата ја прави возможна за одобрение од одборот …. Но тоа крие ризици“, вели Енди Форстер, виш инвестициски вработен во „Argo Investments“, еден од десетте најголеми акционери во „Santos“.

Аналитичарите велат дека владата може да изрази загриженост поради фактот дека отстранувањата може да доведат до колапс при снабдувањето со гас на австралискиот источен брег и би можело исто така да покрене прашања во врска со странските компании кои не плаќаат доволно даноци во Австралија.

Евентуалниот успешен предлог би дало на „Harbour“ пристап до неодамна оживеаната компанија со ниска производна цена за гас и концесии за експлоатација на течен природен гас во азиско-пацифичкиот регион, каде што побарувачката е висока.

Последната понуда на „Harbour“, која се зголеми двојно во последните пет дена, e еднаква на 6,95 австралиски долари (при референтна цена од 75 американски центи за 1 австралиски долар) и е со 11% – ова премија е во однос на цената на акциите на „Santos“ при затворањето на берзанското тргување во петокот.

Цената на нафтата се зголеми за околу 17%, откако „Santos“ доби понуда од „Harbour“ за 4,98 долари за удел во април.

Независните директори на „Santos“ ќе го разгледаат предлогот на „Harbour“, тврдат уште од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП