16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВториот електричен Mercedes станува „французин“

Вториот електричен Mercedes станува „французин“

Вториот сериски електричен модел на „Mercedes-Benz“ ќе се произведува во фабриката во францускиот град Амбаше. Во тој погон во моментов се составува компактниот „SmartForTwo“, вклучувајќи ја и неговата електрична верзија.

За модернизација на фабриката „Daimler“ ќе потроши околу 500 милиони евра. Се очекува електричниот хечбек да започне да се произведува на крајот на 2019-та година. Во основата на серискиот модел е концептот „EQA“, претставен минатата година на автосаемот во Франкфурт.

Компактниот електромобил е опремен со два електромотори – по еден на секоја оска, а вкупната моќност е 272 КС. Батериите имаат капацитет од 60 kW/h, што обезбедуваат километражата со едно полнење од околу 400 километри.

Хечбекот е опремен со специјални ласери, интегрирани во светлата, а исто така и со виртуелна решетка на ладилникот, која го менува својот изглед во зависност од избраниот режим на движење.

Што се однесува до првиот електромобил на „Mercedes-Benz“, кој ќе се појави на пазарот, тоа ќе е кросовер на струја. Неговото производство треба да биде пуштено до крајот на годината во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП