21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Фискалната перспектива за САД не е добра

Goldman Sachs: Фискалната перспектива за САД не е добра

Фискалните изгледи за САД не се „добри“ и може да ја загрозат економската сигурност на земјата при следната рецесија. Ова го предвидува американската банка „Goldman Sachs“, цитирана од „CNBC“.

Според главниот економист на финансиската институција, федералниот дефицит ќе се зголеми од 825 милијарди американски долари (4,1% од бруто-домашниот производ) на 1,24 илјади милијарди долари (5,5% од БДП-то) до 2021-ва година, а до 2028-ма година банката очекува износот да порасне на 2,05 илјади милијарди долари (7% од БДП-то).

„Зголеменото ниво на дефицит и долг најверојатно ќе врши притисок врз каматните стапки, што дополнително ќе го зголеми дефицитот“, рече главниот економист Јан Хациус. Според неговите зборови, додека банката не се грижи за способноста на САД да плати или да позајми, зголемувањето на долгот може да има последици долго пред одржливоста на долгот да стане пречка.

На крајот од минатата година беше усвоен пакет на корпоративни и индивидуални даночни олеснувања, двогодишен буџетски договор во февруари, и буџет во март, кој ги зголеми и владините трошоци и одбранбените трошоци.

Очекувањата се дека економскиот раст ќе достигне над 3 отсто во 2018-та година, но забрзувањето најверојатно ќе биде кратко, а државниот долг ќе порасне на 28,7 илјади милијарди долари до крајот на фискалната 2028-ма година, очекуваат властите во Вашингтон.

Хачиус, исто така, рече дека без разлика колку долго ќе продолжи сегашното проширување, зголемувањето на дефицитите и долгот ќе доведе до зголемување на каматните стапки, што пак ќе го влоши дефицитот.

Според проценките на „Goldman Sachs“, порастот од само 1% во буџетскиот дефицит ќе ги зголеми приносите на 10-годишните обврзници на САД за околу 20 базични поени при целосно вработување на економијата.

„Изненадувањата очигледно се можни во двете насоки, но ние веруваме дека ризиците се наведнуваат во насока на поголем од очекуваниот дефицит“, додаде економистот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП