30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги ги избегна критиките

Драги ги избегна критиките

mario1

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, избегна да ги коментира критичните заклучоци на ММФ во врска со првиот пакет помош за Грција од 2010 година.

„Многу е тешко да се суди за одлуките и акциите кои се превземени пред четири години“, изјави Драги на редовната месечна конференција за новинари, пренесува агенцијата Франс Прес.

ММФ во својот извештај ги призна големите пропусти кои беа направени во рамките на првиот пакет помош за Грција, префрлувајќи најголем дел од вината на Грција и европските земји, кои според оценката на таа институција, биле неподготвени за криза и остри одлуки, вклучувајќи го и реструктуирањето на долгот.

Драги изјави дека ММФ не ја критикува лично ЕЦБ, но тој призна дека сеуште не го прочитал извештајот од оваа институција со седиште во Вашингтон.

Првиот човек на ЕЦБ, исто така, изјави дека е важно во овој момент да се признае колкав напредок остварила Грција.

„Пред само неколку години, тоа беше незамисливо“, изјави тој.

ММф, исто така, денес се обиде да ги смири тензиите во ЕУ кои настанаа околу извештајот во кој се критикуваат акциите на европските земји во рамките на првиот пакет помош за Грција.

Портпаролот на ММФ, Гери Рајс, изјави дека „Тројката“ меѓународни кредитори – ММФ, ЕУ и ЕЦБ, делувале заедно во спасувањето на Грција од должничката криза.

„Тројката беше нов начин на работа. Тројката работеше добро и сега работи добро“, изјави Рајс на редовната конференција за новинари.

„Во истата ситуација и со истите информациии најверојатно и денес би ја донеле истата одлука“, изјави Рајс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП