20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканска компанија го купи „iZettle“ за 2,2 милијарди долари

Американска компанија го купи „iZettle“ за 2,2 милијарди долари

Американската компанија која се занимава со парични трансакции преку интернет „PayPal“, потпиша договор за купување на технолошката компанија од Шведска која врши обработка на трансакции на мали компании.

Подружницата на „eBay“ компанијата за „iZettle“ ќе префрли 2,2 милијарди долари, а тоа ќе биде најголемата трансакција во историјата на деловните компании.

„На тој начин ќе ја зајакнат својата платформа за обработка на трансакции на мали претпријатија, посебно во Европа и Латинска Америка“, стои во соопштението.

Со купувањето на „iZettle“, американската компанија ќе го прошири своето тргување во Бразил, Финска, Франција, Германија, Италија, Мексико, Холандија, Норвешка, Шпанија и Шведска.

„Малите компании се „мотор“ на глобалната економија и ние ќе продолжиме да ја прошируваме нашата платформа, со цел да бидеме најсилна конкуренција и со повисока позиција, како и унапредување во плаќањето со телефон“, изјави извршниот директор на „PayPal“, Дан Шуман.

Ова спојување тој го опишува како „добра стратешка комбинација“, која ги обединува заедничките вредности, културата и комплементарната понуда на производи.

Според американската компанија, платформата „iZettle“ ја користат пола милион трговци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП