19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар моли да биде сиромашен

Кипар моли да биде сиромашен

kipar1

Кипарскиот парламент побара од претседателот да ја замоли Европската комисија, Кипар да го стави на списокот со сиромашни земји од Европската унија, пренесуваат странските медиуми.

Вклучувањето на списокот со сиромашни земји ќе и овозможи на Никозија да се кандидира за доделување на помош од многу структурни фондови на ЕУ.

Заменик претседателот на Демократската партија, Ангелос Вотсис изјави  дека таквото барање мора да се направи веднаш поради влошената ситуација во економијата на земјата.

Минатата година Кипар се обрати до Европската унија со молба за финансиска помош. На Никозија и беа потребни средства за докапитализација на банките кои настрадаа од намалувањето на вредноста на грчките обврзници.

Брисел се согласи да одвои 10 милијарди евра под услов Кипар сам да обезбеди од пет до седум милијарди евра. Кипар реши до неопходната сума да дојде со реструктуирање на финансискиот сектор.

Во исто време, истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) во април оваа година покажа дека жителите на Кипар се три пати побогати од Германците.

Според ЕЦБ која ги анализираше приходите на жителите од еврозоната за 2009-2010 година, просекот на едно кипарско семејство е 670,000 евра, додека просекот на едно германско семејство е 200,000 евра.

Европските држави добиваат поддршка од ЕУ врз основа на класификацијата направена во 2004 година. Тогаш, ЕК направи систем на цели, приоритети и задачи во ЕУ. Една од важните цели е одржливиот развој. Во врска со тоа државите добиваат голема финансиска помош ако нивниот БДП е помал од 75 проценти од просекот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП