26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот д-р Зоран Шапуриќ во дводневна посета на Бугарија, со цел промоција...

Министерот д-р Зоран Шапуриќ во дводневна посета на Бугарија, со цел промоција на напорите на Македонија за забрзување на евроатланските интеграции

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија е во дводневна посета на Софија каде учествува на Конференцијата “Балкански инженерски форум – Регионална соработка на Балканот” организирана од Европскиот совет на инженери, која се одржува во рамките на активностите на претседавање на Бугарија со Европската Унија.

Тој имаше  свое обраќање во кое помеѓу другото ги нагласи напорите на Владата на Република Македонија, за забрзување на евроатланските интеграции. Исто така, тој ја изрази определбата на Владата за перманентна соработка  со стручните асоцијации меѓу кои и со македонската Комората на овластени  архитекти и овластени инженери чиј претседател Миле Димитровски исто така, учествуваше на конференцијата.

За време на конференцијата министерот Шапуриќ оствари повеќе билатерални средби со Претседателот и Генералниот секретар на  Европскиот Советот на инженери Арис Хадзидакис и Клаус Туриедл, со заменикот министер за регионален развој на Бугарија Валентин Јовев и со претседателите на инженерски комори на Турција, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП