10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија - решена да води жестока битка против „валканите пари“

Велика Британија – решена да води жестока битка против „валканите пари“

Велика Британија е решена да се зафати со проблемот со нелегалните парични текови, изјави портпаролот на премиерот Тереза ​​Мај во понеделникот, откако пратеници излегоа со извештај во кој се вели дека „руските пари испрани од британските финансиски институции, штетат на националната безбедност“.

„Велика Британија има водечка улога во глобалната борба против нелегалните финансиски текови и криминалците не треба да се сомневаат дека ќе дојдеме до нив, нивните средства и парите“, рече портпаролот пред новинарите.

„Ние сме цврсто решени да ги исфрлиме валканите пари и перењето пари од Велика Британија и ќе ги искористиме сите сили и средства со кои располагаме за да ги запреме оние кои се закануваат на нашата безбедност“, рече тој, додавајќи дека по стапувањето во сила на Законот за криминалот од 2002-ра година се запленети 2,2 милијарди фунти „валкани пари“.

Во меѓувреме, во понеделникот, фунтата влезе во нова критична недела, гравитирајќи околу својата најниска вредност оваа година во однос на доларот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП