5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на превезени патници во патниот превоз

Намален бројот на превезени патници во патниот превоз

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во патниот превоз во првите три месеци од годинава бележи намалување од 1,2 процент.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален 4,5 отсто, во приградскиот 1,6 отсто, во меѓународниот 6,4 отсто, а во меѓуградскиот превоз е зголемен 25,1 отсто.

Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година вкупниот број превезени патници е намален 4,4 отсто.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален 13,1 отсто, во приградскиот е зголемен 5,8 отсто, во меѓуградскиот 13,6 отсто, а во меѓународниот превоз е намален 10,7 отсто.

Во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број патнички километри во патниот превоз е намален 5,1 отсто. Според видот на превозот, бројот на патнички километри во градскиот превоз е намален 31 отсто, во приградскиот 5,9 отсто, во меѓународниот 5,8 отсто, а во меѓуградскиот превоз е зголемен 23,7 отсто.

Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, вкупниот број патнички километри е зголемен 4,1 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален 5,9 отсто, во приградскиот е зголемен 12,5 отсто, во меѓуградскиот 13,8 отсто, а во меѓународниот превоз e намален 6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП