15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија излезе од рецесија

Унгарија излезе од рецесија

ungarija3

Унгарија забележа раст на бруто домашниот производ (БДП) од 0,7 проценти во првиот квартал од 2013 година, во однос на претходниот квартал, со што таа излезе од рецесија.

Податоците на Централното биро за статистика ги потврдуваат привремените податоци објавени на 15 мај. Во четвртиот квартал од 2012 година економската активност на Унгарија се намали за 0,9 проценти.

Земјата влезе во рецесија во вториот квартал од минатата година, а бруто домашниот производ беше во минус 1,7 проценти за цела 2012 година.

Во однос на првиот квартал од минатата година, бруто домашниот производ во првите три месеци од 2013 година е помал за 0,3 проценти.

Унгарската влада очекува раст од 0,7 проценти од БДП во 2013 година, додека Европската унија прогнозираше скромен раст за Унгарија од 0,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП