25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Јавниот долг е ставен под контрола

Тевдовски: Јавниот долг е ставен под контрола

За првпат по повеќе од 10 години јавниот долг е ставен под контрола. Отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој учествуваше на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“.

Како што истакна министерот за финансии, Владата успешно го менаџира јавниот долг. Тој рече дека Владата планира постепена буџетска консолидација, со буџетски дефицит од 2% на среден рок. Како што посочи Тевдовски, отплатени се стари долгови, подобрена е структурата на долгот преку зголемена рочност и пониски каматни стапки.

-Зголемена е и довербата на инвеститорите ако се земе предвид дека е издадена еврообврзница со историски најниска каматна стапка од 2,75%, како и државна обврзница со рочност 30 години. Зголемената доверба се гледа и од извештаите на кредитните агенции, како на пример „Фич“, кој го подобри изгледот за рејтингот на земјата – истакна Тевдовски.

Во своето излагање на Економскиот факултет, Тевдовски најави реформи во јавните финансии до крајот на годинава. Согласно со Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформи во управување со јавните финансии годинава ќе се подготви законската регулатива за нов систем за јавни набавки, за повеќегодишно буџетирање и претпополнета даночна пријава за олеснување на обврските на даночните обврзници.

Во насока на зголемување на транспарентноста како една од најкрупните реформи која ќе се спроведе е објавување на Трезорот.

Тевдовски посочи и дека е подобрена наплатата на даноци, како и дека значително е зголемен повратот на ДДВ, што ќе придонесе за подобра ликвидност на фирмите и нови инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП