3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Денот на пожарникарите Шилегов вети нова опрема и 50 вработувања во...

На Денот на пожарникарите Шилегов вети нова опрема и 50 вработувања во скопската противпожарна бригада

Во Противпожарната станица во Автокоманда, денеска свечено беше одбележан 20 мај – Денот на пожарникарите. Прославата почна со свечено постројување на пожарникарите, а Командантот на Бригадата за противпожарна заштита, Звонко Томески, му поднесе рапорт на градоначалникот Шилегов.

„Дозволете ми најнапред да ви го честитам Денот на пожарникарството и да ви се заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста која ја покажувате вршејќи ја оваа благородна професија. Од срце Ви благодарам што секојдневно ги спасувате животите на нашите сограѓани, ставајќи го вашиот живот во опасност“, рече Шилегов.

Тој нагласи и дека Градот Скопје вложува во опремување и во модернизација на Противпожарната бригада и истакана дека за таа цел годинава од буџетот на градот се издвоени околу 134 милиони денари. Како што рече Шилегов, со овие средства ќе се изврши набавка на нова совремна опрема, во согласност со европските стандарди, која пожарникарите долго време ја очекувале.

Скопскиот градоначалник исто така кажа дека оваа година во Бригадата за противпожарна заштита предвидено е да бидат примени нови 50 пожарникари.

„Согласно со европските стандарди пропорцијата е еден пожарникар на 1.500 жители, додека моменталната состојбата во Скопје е еден пожарникар на 3.500 жители. Со овие вработувања ќе се зголеми капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи, а истовремено ќе е чекор поблиску до исполнување на европските стандарди. Заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од исклучително значење за Градот Скопје. Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет и без вас оваа хумана мисија би била невозможна“, потенцираше Шилегов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП