26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВнимавајте на пораката која ја испраќа вашата облека во текот на интервјуто...

Внимавајте на пораката која ја испраќа вашата облека во текот на интервјуто за работа (фото+видео)

Доколку сакате да оставите впечаток на професионалец во својата работа применувајте ги овие неколку совети.

Штикли да, но на плута никако

Не е точно тоа дека само балетанките се вистинскиот избор кога одите на вакво интервју. Ако знаете да одите во нив, тогаш штиклите се совршен избор. Но штиклите на висока плута и сандалите во кои прстите ви се голи заборавете ги.

До мини сукњите и деколтето стои едно големо не, како и за проѕирните маици.

Пробајте преку облеката да покажете каква личност сте

Деловното одело во комбинација со бела или сина кошула ќе изгледа професионално, но сигурно не сакате вашиот соговорник да се проѕева додека ве слуша, додадете некој интересен детал како што се тоа колан, маица во светла боја или накит кој не е нападен но е впечатлив, со тоа ќе бидете уникатна, а сепак професионална.

Голи нозе, во никој случај

Голите нозе и стапала ни случајно да не ви паднале на памет. Дури и во најжешкиот период бирајте панталони или здолништа до под колена.

Облечете се за позицијата која ја сакате

Ова е еден од најдобрите совети во деловниот свет. Не е важно дали доаѓате на разговор за работа како рецепционерка во некоја фирма, вие облечете се како да сте главен менаџер. Исто така, многу зависи и од професијата која сте ја избрале, така на пример архитектите бараат оригиналност, фризерите среденост, а дизајнерите педантност, посветете внимание и на тoa.

Погледнете го видеото кое ќе ја разбуди вашата креативност при деловното облекување:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП