17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија има ново светско чудо, нуклеарка која до сега не е видена...

Русија има ново светско чудо, нуклеарка која до сега не е видена (фото+видео)

Овој проект треба да ги снабди далечните области со струја, но сепак ги загрижува еколошките организации, информира „Agence France-Presse“ (AFP).

Централата „Aкадемик Ломоносов“, сместена во Санкт Петербург, закотвена е на пристаништето „Мурманск“ и беше претставена на новинарите. Потребно е да се наполни со нуклеарно гориво пред да тргне кон својата последна дестинација, и тоа во далечниот Сибир.

Овој брод тежок 21.000 тони кој нема мотор, во летото 2019-та година ќе биде однесен во автономниот регион на Чукотка, во рускиот Далечен исток.

Централата ја изгради руската компанија „Ростом“. Тој масивно голем пловечки блок долг 144 метри и широк 30 метри има два реактори со капацитет од 35 мегавати (во однос на останатите ширум светот 1.000 пати повеќе).

Таа ќе може да го снабдува локалното население со струја, но и нафтените платформи во таа зона. Ќе замени една нуклеарна централа и една централа на јаглен, кои наводно се застарени.

„Пловечката нуклеарна централа ќе овозможи снабдување со струја во различни делови низ Русија“, рече Виталиј Трутнев, задолжен за изградбата и употребата на оваа централа.

Тој исто така напомена дека, ќе бидат заштедени 50.000 тона јаглерод диоксид, на годишно ниво.

Бродот требаше да биде наполнет со нуклеарно гориво и да биде пуштен да исплови во близина до европските земји. Тоа предизвика грижа кај невладините организации, особено кај скандинавските држави, па затоа одлучено е да се наполни во Мурманск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП