24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМодата како бизнис - Македонија на добар пат

Модата како бизнис – Македонија на добар пат

Од мал пазар со скромна понуда на квалитетни дизајнерски парчиња и кратка традиција на модната индустрија, Македонија е на пат да стане атрактивна дизајн дестинација.

Панталони, кошули, тоалети, венчални фустани, капути со препознатлив крој и стил на познати и признати дизајнерски имиња од земјава се почесто се забележуваат кај македонските граѓани.

Масовната експанзија на нови дизајнери во последните десетина години е доказ дека од модниот бизнис може солидно да се живее.

„Јас ова го работам повеќе од 15 години, оптимист сум за насоката во која се движи нашата модна индустрија. Освен домашниот пазар, македонските модни брендови,полека, но сигурно ги освојуваат и странските пазари, особено регионалните“ вели Александар Петковски, моден дизајнер.

За да се создаде совршена и уникатна креација, потребни се и квалитетен материјал, постава, патенти, конци.

„Ова претставува проблем. Македонија е мал пазар, па не може да се најдат потребните материјали. Она што го нарачуваме од странство исто така е ограничено бидејќи произведуваме многу мали парчиња па ни требаат и мали количини од одреден материјал што ги компликува и поскапува нештата“ вели Александар Петковски.

Зависно од дизајнот, материјалот што се користи и специфичноста на моделот, цените се движат од минимум 100 евра. Најскапите се продаваат и по 500 евра.

„Се уште е потребно време за да се променат свеста и навиките кај луѓето и да се достигне врвниот стил кој го поседуваат едни од водечките градови на модата и дизајнот, Милано и Париз“ објаснува Петковски.

Сепак работа на нашите креатори во моментов главно се сведува на специфични и индивидуални нарачки. Македонија останува далеку од продажба на цели линии на модните куќи.

 

К. Н.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП