26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole одобри заем од 600 милиони евра на Газпром

Credit Agricole одобри заем од 600 милиони евра на Газпром

„Газпром“ доби заем од 600 милиони евра од инвестициската банка во холдингот на „Credit Agricole“, соопшти рускиот гасен гигант на нивната страница. Заемот е за период од пет години, но не се прецизираат другите услови за него, меѓу кои и каматните стапки.

Ова е втор заем за „Газпром“ од француската банкарска холдинг-компанија. Во март 2017-та година, компанијата исто така доби 700 милиони евра за пет години. И тогаш, и сега не е познато за каква цел се зема заемот.

Енергетската компанија коментираше дека нивната соработка започнала во 1995-та година.

Банката е вклучена во многу проекти за привлекување на финансирање, како и во емисиите на обврзници на „Газпром“. Една од нив е „Северен поток“ во 2010-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП