28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина сака да го отвори својот финансиски сектор за странски банки, но...

Кина сака да го отвори својот финансиски сектор за странски банки, но под одредени услови

Напорите на Кина да го отвори својот финансиски сектор кон странските банки и финансиски институции ќе се базираат на принципот на реципроцитет и нема да помагаат на протекционизмот на други земји, изјави претставник на властите, пренесува „Ројтерс“.

Чен Вунхуеј, вицепредседател на Комисијата за регулирање на банкарските и осигурителни услуги (CBIRC), коментираше за време на форум во Кина, кој има за цел забрзување на процесот на отворање. Според него, земјите кои се плашат да ги стават своите финансиски сектори во конкуренција нема да имаат корист од новите можности.

Без да посочува имиња Чен изјави дека некои земји наметнуваат ограничувања на интернационалната експанзија на кинеските финансиски институции.

„Отворањето на нашата земја е базирано на принципот за рамноправност и взаемна корист“, објасни тој, истакнувајќи дека целта е сите да добијат и да има реципроцитет.

„За земјите и регионите кои се плашат од отвореност и наметнуваат протекционизам – нивната долгорочна конкурентност дефинитивно ќе настрада, бидејќи тие гледаат само краткорочна добивка“, додаде Чен.

Гувернерот на централната банка И Ган минатиот месец изјави дека Кина ќе им овозможи на домашните и странски компании да се натпреваруваат рамноправно и ќе дадат можност за продолжување на бизнисот на странските банки во Кина.

Азиската земја е под огромен притисок од страна на САД од гледна точка пристапот до нејзините пазари и вети дека ќе им овозможи на странските инвеститори да можат да влезат во финансиските услуги, автомобилскиот сектор и корисничкото финансирање до крајот на оваа година.

Чен коментира дека пазарниот удел на странските банки бил едвај 1,32% од вкупните банкарски средства во Кина кон крајот на 2017-та година. Ова е пад од претходно објавените 2,5%.

„Уделот на пазарот е намален во последно време, што не е добро“, објасни Чен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП