6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ги усвои реформите за банкарскиот систем

Франција ги усвои реформите за банкарскиот систем

fran1

Францускиот парламент минатата ноќ го усвои законот за реформи во банкарскиот сектор, со што ќе биде поделена активноста на шпекулативните фондови и комерцијалните банки, но поделбата на тие активности не е комплетна како што вети претседателот Франсоа Оланд за време на изборната кампања.

Реформите подразбираат и зголемен мониторинг на активностите на пазарот и забрана за шпекулативни активности на пазарот за земјоделски суровини.

Законот ги обврзува француските банки да ги откриваат деталните податоци за своето работење и активностите во другите земји.

Пратениците ја изгласаа и одредбата за автоматска размена на фискални информации со другите земји.

„Убеден сум дека тоа е најдобриот начин да се бориме против малверзациите“, изјави министерот за економија на Франција Пјер Мосоковиси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП