19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за локална самоуправа ќе даде поддршка за полесно користење на социјалните...

Министерството за локална самоуправа ќе даде поддршка за полесно користење на социјалните услуги од страна на граѓаните

Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денеска во Специјалниот завод – Демир Капија учествуваше на тркалезна маса за процесот на деинституционализација во социјалниот сектор.

Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, на форумот учествувале и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како организатор и надлежно министерство, градоначалници од регионот и експерти.

Во своето обраќање заменик-министерот Павлески потенцирал дека со процесот на децентрализација еден дел од услугите во социјалната сфера се пренесени на локално ниво, па во таа насока деинституционализацијата може да биде продолжение на овој процес во кој корисниците на услугите ќе можат на најдобар начин да ја добијат услугата.

„Министерството за локална самоуправа и во овој процес ќе даде максимална поддршка преку соработката со надлежното министерство и пред сѐ со општините затоа што на крајот она што треба сите заедно да го обезбедиме се подобри услови за живеење на сите граѓани“, истакнал Павлески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП