16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски форум во Софија: Потпишан меморандум за спојување на пазарите на електрична...

Економски форум во Софија: Потпишан меморандум за спојување на пазарите на електрична енергија

Премиерот Зоран Заев учествуваше на Виенскиот економски форум, кој како суштествена и комплементарна активност се организира како дел од самитот за Западен Балкан на ЕУ на темата „Поврзување“.

Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, и од министерот за економија, Крешник Бектеши, кои исто така учествуваат на Форумот, во присуство на премиерот Бојко Борисов присуствуваа и на потпишувањето на меморандумот за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија меѓу Македонија и Бугарија, што го потпишаа министерот Бектеши и министерката за енергетика на Бугарија, Теменушка Петкова.

Заев потоа учествуваше во работата на пленарната сесија на Форумот заедно со премиерите од земјите од регионот и во своето обраќање истакна дека еден од главните приоритети на Владата е да ги зајакне соседските односи за да се зајакнат капацитетот и подготвеноста на регионот да ги оствари стандардите на ЕУ како заедничка цел на сите земји од Западен Балкан. Тој истакна дека Виенскиот економски форум е добра шанса да се афирмираат врските меѓу економијата и бизнисот со политиката со заедничките иницијативи, со што се создаваат партнерства меѓу владите и општествата на земјите од Западен Балкан за иднината на граѓаните од регионот.

„Дозволете ми да ви дадам еден пример: со Бугарија потпишавме договор за пријателство, добрососедство и соработка. Без странска медијација. Сега ги жнееме резултатите – трговијата меѓу двете земји порасна за 12 отсто. Ова е добар пример и поттикнување за подобрување на билатералните односи за другите во регионот“, истакна премиерот Заев на Форумот и информира за заедничките меѓувладини сесии (Г2Г) со Бугарија и Албанија, како и за позитивниот развој на односите со Србија и Косово.

Премиерот Заев во тој контекс, зборуваше и за разговорите со Грција и информира дека на последните средби се презентирани повеќе опции за можни решенија, а една од нив најавува решение што може да биде прифатливо и за двете страни.

„Минатата година работевме напорно за да им покажеме на нашите соседи и пријатели дека Македонија е на вистинскиот пат“, рече Заев и ги запозна присутните со главните придобивки од реформските процеси во земјата опфатени со планот 3-6-9 и потенцира дека најголемото признание за напредокот на Македонија дојде од Европската комисија со препораката Советот на ЕУ да донесе одлука да ги отвори пристапните преговори со Република Македонија. Премиерот Заев истакна дека една од најважните мисии на лидерите и на политичките раководства од регионот на самитот на ЕУ е да ги мотивираме и убедиме лидерите на ЕУ да го прифатат Западен Балкан во неговата европска визија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП