25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефицит на ванилата - ќе исчезне ли сладоледот со овој вкус?

Дефицит на ванилата – ќе исчезне ли сладоледот со овој вкус?

Цената на ванила достигна рекордни височини во последните две години и почнува да влијае на производството на сладолед во Велика Британија, објави „The ​​Independent“.

При приближно 600 долари за килограм, ароматичната состојка во моментов се тргува поскапо од среброто.

Додека зголемувањето на цената не прикажува толку големо влијание врз најголемите трговци на сладолед, тогаш малите бизниси треба да вложат многу напор за да се справат.

Од британскиот занаетчиски производител на сладолед „Ruby Violet“ велат дека се принудени да престанат да го продаваат својот ванила вкус поради неостварливо високата цена на состојката.

Говорејќи за „ВВС“, основачот на „Ruby Violet“, Џули Фишер објаснува дека базираните во Лондон продавници ќе ја извадат ванилата од менито „во блиска иднина“, цитиран од „The ​​Independent“.

Друга компанија со седиште во Велика Британија, која ги разгледува можностите за употреба на ванилата, е семејната компанија „Snugburys Ice Cream“.

Базирана во Нантуих, Чешир, компанијата за сладолед произведува 40 различни вкусови, а една третина од нив содржат ванила.

Тие веќе плаќаат 30 пати повеќе за состојката отколку во минатото.

„Цената навистина се покачува, затоа минатата година решивме да купиме од суровината за година однапред“, рече Клио Садлер која управува со компанијата заедно со дветете сестри.

„Требаше да донесеме одлука дали да преземеме трошоците што конечно го направивме“, рече таа за „ВВС“.

Тоа е нешто со кое тие не сакаат да прават компромиси во иднина, без оглед на трошоците, бидејќи компанијата користи само природни состојки и затоа вештачката арома на ванила би било против нивните вредности.

Цените на ванила се зголемија од март 2017-та година. Тогаш циклон го Мадагаскар, каде се произведува поголемиот дел од миризливиот зачин, и последователно уништи голем број на ванила насади.

Ова доведе до лоша жетва и намалување на производството со 30%, што предизвика дополнителна инфлација и загриженост за недостиг.

Ако тоа се случи, несомнено ќе биде удар за Британците, со оглед дека со децении ванилата е најпопуларниот вкус за сладолед во Велика Британија, според „Ice Cream Alliance“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП