25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да излезете како победник меѓу колегите-ривали

Како да излезете како победник меѓу колегите-ривали

Сочувајте ја вашата кариера со помош на советите од д-р Фатали Могадама, професор за решавање на конфликти на Универзитетот во Џорџтаун.

Неговите совети се следните…Како што Библијата проповеда да го запознаеме нашиот непријател, така и ние ве советуваме добро да го запознаете вашиот колега ривал.

Со цел да истражите дали колегата е човек од доверба споделете до него некоја безопасна, но сепак приватна информација за тоа како некогаш сте постапиле против работните процедури, на пример како еднаш сте земале слободен ден за да одите на некој натпревар. Ако „доверливата информација“ излезе во јавност, односно ја дознаат другите колеги, бидете подготвени за битка бидејќи вашиот колега не ви мисли добро.

Внимателно избирајте ги зборовите, доколку сте принудени да соработувате со него или неа. Користете фрази како „Одличен тим сме“, со што него или неа ќе го охрабрите да соработува со вас. Покрај тоа, можете да ја употребите и фразата „Твојата идеја е одлична. Можеби би била уште подобра ако…“. Колегата ќе забележи дека повеќе ви е важно изнаоѓањето на решение, отколку расправиите и префрлањата.

Приближете му се на шефот. Редовната комуникација со надредените ве доведува до подобра позиција. Не му се жалете на шефот за своите деловни ривали. Пријавете се за работа на проектите за кои вашиот шеф сонува. Ќе испаднете проактивни (ќе добиете унапредување) и вашиот колега ривал ќе го оставите без опции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП