28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Рекорден извоз на гас

Газпром: Рекорден извоз на гас

gazprom2

Извозот на гас на руската државна компанија „Газпром“ достигна 466 милиони кубни метри дневно, што е најголемата дневна вредност во последните пет години.

Од почетокот на јуни испораката на „Газпром“ во странство, во споредба со истиот период минатата година е зголемена за 29 проценти. Растот на испораката е поврзан со невообичаеното ладно време во Европа во ова време од годината, покажуваат податоците наведени во извештајот на компанијата.

Во првите пет месеци од оваа година „Газпром“ го зголеми извозот во Европа за 6,4 проценти, односно четири милијарди кубни метри, во споредба со истиот период минатата година. Кон земјите на Европската унија се испорачани 66 милијарди кубни метри гас.

Заменик претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Александар Медведев пред два дена најави дека компанијата оваа година во Европа планира да продаде 151,8 милијарди кубни метри гас.

Се очекува дека приходите ќе се зголемат на 55,1 до 57,7 милијарди долари. Притоа, „Газпром“ планира да ја намали средната цена на гасот на 370-380 долари за илјада кубни метри. Попустот е поврзан со падот на цените на нафтата и намалувањето на побарувачката на гас во Европа.

Минатата година „Гаспром“ во Европа продаде 138,8 милијарди кубни метри гориво, за средна цена од 402 долари за илјада кубни метри. Истовремено произведе 488 милијарди тони гориво, што е речиси за пет проценти помалку од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП