25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го повика Трамп да не се заканува со даноци

ЕУ го повика Трамп да не се заканува со даноци

Европската унија побара од американската администрација да престане со оданочувањето на челик и алуминиум, наведувајќи дека е подготвена да преговара, но не и со закани.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царински давачки за увоз на алуминиум и челик, но ЕУ го иззема од 1-ви мај. Овој рок потоа е продолжен до 1 јуни.

“Во прашање е економскиот суверенитет на Европа. Бараме да бидеме ослободени од условите и роковите”, рече претседателот Емануел Макрон во Софија, на самитот на ЕУ и Западен Балкан.

Уверени дека одлуката на САД ги прекршила правилата на светската трговија, ЕУ направи листа “ребаланс” на царински давачки од околу 2,8 милијарди евра за оданочување на американски производи, ако не е потполно ослободена од царинските мерки на САД.

Германската канцеларка Ангела Меркел го повтори својот претходен став дека ЕУ сака неограничено изземање и дека Унијата е подготвена да преговара.

ЕУ претходно го отфрли тврдењето на Трамп дека надоместоците се неопходни поради националната безбедност во Соединетите Држави, земајќи ги во предвид протекционистичките мерки за поттикнување на локалниот бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП