20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија размислува за „одмазда“ за американските царини

Јапонија размислува за „одмазда“ за американските царини

Јапонија размислува да воведе царина за извозот на САД во износ од 409 милиони долари како „одмазда“ за царините за увоз на челик и алуминиум, наметнати од претседателот Доналд Трамп, соопшти „Ројтерс“.

Таквиот чекор би довел до растечката поделба што трговската политика на Трамп – „Америка на прво место“, ја создава меѓу големите економии, заканувајќи да ја успори светската трговија и бизнис активноста.

Јапонија е единствениот главен сојузник на САД кој не беше ослободен од царините на Трамп. Но земјата се воздржува да ги следи стапките на Кина и Европската унија, кои реагираа на одлуката на САД со реципрочни закани.

Но, тоа може да се промени, бидејќи неколкумесечни преговори не успеаја да го убедат Вашингтон да ја додаде Јапонија на листата на земји, ослободени од американските царини, велат аналитичарите.

Плановите на Токио за извоз во САД ќе бидат еквивалентни на оние што ги наметна Вашингтон.

Владата се подготвува да ја извести Светската трговска организација (СТО) за планот, што е неопходна постапка согласно правилата за светска трговија.

Аналитичарите гледаат во јапонските планови тактика за преговори, која ќе ги подобри шансите на земјата да добие ослободување од наметнатите давачки, иако тоа би било забележителна промена во однос на досегашниот тон на Токио.

„Тоа би било половина чекор напред, бидејќи досега Јапонија едноставно ги испраќаше своите барања кон САД“, коментираат аналитичарите од истражувачкиот институт „Mizuho“.

Портпаролот на јапонската влада Јошихиде Суга призна дека Владата размислува за преземањето на „неопходни“ чекори врз основа на правилата на „СТО“. Но, според неговите зборови, не е донесена конечна одлука дали да се репресираат.

Трамп одлучи во март да наметне увозни давачки од 25% на челикот и 10% на алуминиумот, а со тоа привлече критики од другите земји дека го зголемува ризикот за светска трговска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП