20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини да бидете подобар шеф!

Неколку начини да бидете подобар шеф!

Сите зборуваат за своите надредени. Некои ги фалат, некои пак ги осудуваат. Лошите страни е лесно да се видат, но дали некогаш сте се запрашале што е тоа што го прави шефот добар? Норамално одговорот на тоа прашање е премногу субјективно и се разликува од личност до личност.

Сепак, постојат одредени обележја, ставови и способности кои се заеднички за сите добри шефови. Според истражувањата добриот работодавец го прават вклученоста, насочувањето кон мисијата, храброста, учењето, почитувањето на туѓата кариера и создавањето.

1. Бидете вклучени

Без оглед за каков проект се работи, важно е секој да се чувствува рамноправно и како дел од тимот. Добриот работодавец е чесен и објективен кон секој вработен, поттикнува креативност, иновативност и дава повратни информации.

2. Мисија, не само пари

Сите знаеме дека парите се потребни за живот. Парите многу брзо ги мотивираат работниците на успех, но за работодавецот е важно да знае дека постои и нешто повеќе од парите. Шефот е тој кој воспоставува рамнотежа и одлучува за тоа дали се ќе се врти околу заработката или поттикнувањето на вработените на успех.

3. Не плашете се од ништо

Некои шефови само чекаат нечив неуспех за да можат да критизираат. Таквите личности најчесто не го забележуваат успехот на другите бидејќи се преокупирани со грешките. Шефот кој ги поттикнува вработените обезбедува добар производ и задоволен работник. Попат се случува и некоја грешка, но така се поттикнува на учење и откривање на нови методи, а не тапкање во мрак поради страв од неуспех.

4. Немојте само да ги водите, учете ги

Работодавецот поинаку ќе ја забележи ситуацијата од вработените. Важно е да ја препознаете таа претпоставка и да поттикнете на едукација. Добриот шеф ќе ги поттикне, поправи и едуцира своите вработени, а нема само да им наредува. Бидете им пример на другите.

5. Тоа е и нивна кариера

Вработените не се само луѓе кои работат за вас туку и лица кои работат на себе за да изградат кариера, Добриот шеф ќе му излезе во пресрет на својот вработе, ќе го советува и ќе го насочи кон напредокот, и нема да се плаши дека тој ист вработен еден ден ќе седне на неговото место.

6. Работете на себе секојдневно

Сите луѓе имаат вродени особини кои можат да им помогнат во тоа да бидат добри шефови. Оние кои веќе се наоѓаат на тие позиции само треба да работат на себе и да ги поттикнуваат тие особини за да успеат. Никој не се раѓа учен за се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП