19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДва нови фондови им даваат поттик на најголемите криптовалути

Два нови фондови им даваат поттик на најголемите криптовалути

Биткоинот, етериумот, рипле и другите основни криптовалути се очекува да добие поддршка од пуштањето на два индексни фондови – „IronChain MiX10“ и „IronChain MiX10 Institutional“.

„И двата фондови ќе го следат индексот „MiX10 Index“, кој пак треба ги претставува 10-те најголеми криптовалути по пазарна капитализација“, се вели во соопштението на „IronChain Capital“, која ќе ги започне двата фондови.

Ова е позитивна вест за основните криптовалути – поради фактот дека ќе ублажи дел од проблемите со инвестирањето во нив.

„Инвестирањето во криптовалути е комплицирано за повеќето инвеститори“, објаснува пред „Forbes“, Џонатан Бенасаја, главен извршен директор и основач на „IronChain“.

„Четирите главни бариери за инвестирање во криптовалутите се попречувањето, ликвидноста, диверзификацијата и надоместоците. Одлуката на „IronChain“ влијае на овие четири прашања, така што обезбедува секојдневна ликвидност на сите инвеститори со годишна такса во износ од 1% (најниска на пазарот). Со овој производ инвеститорите можат да инвестираат на пазарот на криптовалути во производи кои се приближуваат најмногу до обичните договорни фондови“, вели тој.

Според главниот извршен директор на „MEDIA Protocol“, Џејмс Табор, „Овој пристап ќе ги направи криптовалутите подостапни за нови инвеститори, а секој прилив на средства е добар за заедничкиот пазар“.

Пуштањето на новите фондови доаѓа неколку месеци откако Волстрит претстави биткоин фјучерси со кои сакаше да реши уште еден проблем во трговијата со криптовалути – пазарната нестабилноста.

Во случајот со „IronChain MiX10“ и „IronChain“ треба да се напомене дека двата фондови не се регистрирани во американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП