19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанчевски: Заклучоците од Дигиталниот Самит се дел од агендата на ЕУ

Манчевски: Заклучоците од Дигиталниот Самит се дел од агендата на ЕУ

Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што само пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, во контекст на поддршка и унапредување на дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од самитот на ЕУ и Западен Балкан, информираше дека иницијативите за дигитална агенда и поголема поврзаност во регионот ќе бидат финансирани со повеќе од 200 милиони евра. Во фокусот на овие мерки е намалување на трошоците за роаминг, подобрување на широкопојасниот интернет, развој на е-Влада како и дигитализација на индустријата. Ова е силна потврда дека активностите кои изминатиот период ги превзема Министерството за информатичко општество и администрација и Владата, во правец на целосна дигитализација на Македонија, наидуваат на поддршка од ЕУ“, рече Манчевски.

Додаде дека министерството по повод 17-ти Мај, Меѓународниот ден на телекомуникации и информатичко општество, уште еднаш се обврзува на реализација на сите најавени активности во областа на информатичкото општеств

„Во наредниот период ќе ги објавиме националните стратегии за широкопојасен интернет и за сајбер безбедност, а до крајот на годината ќе ја објавиме и долгорошната стратегија за ИКТ. Во август, МИОА ќе ги пушти во употреба националниот портал за е-услуги, и новиот портал за отворени податоци. Тоа што е од особена важност за сите граѓани е дека конечно услугите ги носиме до нивните домови. Најчесто бараните докуметни, граѓаните ќе можат да ги добија по електронски пат, брзо, едноставно и ефтино“, најави Манчевски.

Министерот рече дека преку дигитализација и професионализација на администрацијата, конечно граѓаните ќе добијат институции кои се нивен сервис и одговараат на нивните потреби и барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП