19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсклучените можат бесплатно да се вклучат во мрежата на Балкан Енерџи

Исклучените можат бесплатно да се вклучат во мрежата на Балкан Енерџи

electricity_slider_img

Исклучените потрошувачи од мрежата за снабдување со топлина на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје,  кои не го искористија правото на бесплатно приклучување заклучно со 1 октомври 2012 година, може да се приклучат на мрежата повторно без надомест.

– Трошокот за услугата за приклучување на потрошувачите, само по основ на монтажа, ќе биде без надомест и е на товар на снабдувачот во моментот на приклучување и нема да му биде наплатен на потрошувачот, доколку не се исклучува во иднина, соопштуваат од компанијата.

Потрошувачот кој ќе добие бесплатно приклучување, при пополнувањето на Барањето за приклучување, должен е да пополни изјава со давање согласност, дека во иднина кога ќе одлучи да се исклучи од дистрибутивниот систем за снабдување со топлинска енергија, ќе го надомести трошокот за исклучување како и трошокот за приклучување, кој во моментов е бесплатен.

Обврска на исклучениот потрошувач е да го обезбедат само материјалот за приклучување радијаторски вентили и други фитинзи или да го набават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП