18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе побара од ЕУ да остане во царинската унија и...

Велика Британија ќе побара од ЕУ да остане во царинската унија и по Brexit?

Велика Британија и ќе каже на Европската унија дека е подготвена да остане во нејзината царинска унија и по 2021-та година, пишува во „Телеграф“, пренесува „Ројтерс“.

Оваа недела водечките министри на британската влада, кои работат на стратегијата на „Brexit“, се договориле за нов план, со кој да ќе се избегне физичка граница со Ирска, откако ги отфрлија претходните предлози на ЕУ.

Според распоредот, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во март следната година, но си има обезбедено преоден договор со кој ги задржува трговските врски со ЕУ непроменети до крајот на 2020-та година, под услов да биде постигнат конечен договор во следните месеци.

Британскиот премиер Тереза ​​Меј, изјави дека Велика Британија ќе излезе од царинската унија, што ќе и овозможи на земјата да склучува свои трговски договори со други држави. Нејзините министри сепак се поделени по прашањето за каков вид царински систем со ЕУ да се стреми Лондон.

На вчерашната седница министрите се согласиле дека Велика Британија треба да се обиде да остане во царинската унија, ако предвидената технологија за гранична контрола не е подготвена навреме за 2021-ва година. Властите предупредиле дека тоа може да се одложи до 2023-та година, пишува весникот.

Портпаролот на Меј одбил да ги коментира информациите.

Во понеделникот, главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние изјави дека од март наваму нема постигнат значаен напредок во преговорите за „Brexit“. Можеби сакаат да ги разјаснат плановите пред самитот на ЕУ во јуни и да постигне договор за новите односи на Велика Британија со ЕУ во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП