19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks го зајакнува својот фокус во Кина

Starbucks го зајакнува својот фокус во Кина

Најголемиот синџир на кафулиња во светот „Starbucks“ цели да ги зголеми за над три пати приходите и речиси два пати бројот на објекти во Кина во следните пет години. Така компанијата двојно ќе го зголеми залогот во земјата, додека растот на бизнисот во САД е под притисок, коментира „Ројтерс“.

Американскиот синџир, кој неодамна за 7,15 милијарди долари оствари договор со „Nestle“, сака да има 6.000 кафулиња во земјата до крајот на 2022-ра година, вели во своето соопштение. Во моментов има околу 3.300 кафулиња во 141 град во Кина.

„Starbucks“ доминира во секторот во Кина, иако се сретнува со конкуренција од помалите ривали слично на притисокот со кој се соочува од „третиот бран“ кафулиња и поевтините конкуренти во САД.

На крајот на минатата година „Starbucks“ го лансираше својот прв објект надвор од земјата од брендот „Reserve Roastery“ – кафуле со гурманските кафиња и пекара – во Шангај. Тогаш извршниот претседател Хауард Шулц изјави за „Ројтерс“ дека бројот на кафулињата во Кина ќе порасне на 10.000 за една деценија надминувајќи ги кинеските конкуренти.

„Starbucks“, рече дека очекува да ја зголеми повеќе од двојно оперативната добивка во Кина во следните пет години во однос на 2017-та година.

Нејзините приходи за минатата финансиска година од регионот Кина/Азискиот Тихи Океан достигнаа 3,24 милијарди долари, а оперативната добивка е 764,7 милиони долари, покажуваат пресметките на „Ројтерс“. Точните резултати за Кина се уште не се достапни.

Овој месец „Starbucks“ склучи договор со „Nestle“ – најголемата компанија во светот за храна и пијалоци – со кој и даде на швајцарската компанија ексклузивни права да продава пакетирано кафе и чај на „Starbucks“ во целиот свет.

Американскиот синџир за кафе рече дека соработката со „Nestle“ ќе му помогне да ги прошири својот обсег и маргина во Кина.

„„Starbucks“ ќе се обиде да го искористи неодамна објавениот глобален сојуз во пазарот на кафе со „Nestle“, за да понуди дури и повеќе можности за домот на кинеските потрошувачи во иднина“, додаде компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП