25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел се изјасни во врска со слабеењето на авто-индустријата

Меркел се изјасни во врска со слабеењето на авто-индустријата

На Германија никако не и оди во прилог да ослабне авто-индустријата и да не може да инвестира во идните технологии. Тоа го изјави канцеларката Меркел.

„Наша должност е да и кажеме на индустријата „Твоја обврска е да ја вратиш изгубената доверба““, рече Меркел во парламентот во Германија за време на дебата за буџетот, пренесе агенцијата „Reuters“.

Меѓутоа, таа се спротивстави на повиците за натамошно зголемување на финансиското оптоварување на автомобилските компании, однодно, инсталирање на додатоци во возилата што произведуваат прекумерни штетни гасови.

Канцеларката, исто така ја повика Европа да го поддржи развојот на софтверската технологија за електрични возила, во спротивно на тоа поле ќе ја „превтасаат“ Азија и Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП