Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Министерството за транспорт и врски изработи предлог-национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.
Главните цели на национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 се да се осигури економска одржливост во развојот, управувањето и одржувањето на транспортните системи, да се подобри безбедноста во сообраќајот, да се развие мултимодалниот транспорт, да се подобри одржливоста на животната средина и изградба на инфраструктура во согласност со европските стандарди како дел од единствениот транспортен систем во регионот.
Овие општи цели се преточени во поеднични цели за секој вид транспорт и понатаму се разработени во конкретни 132 активности, што се планирани за реализација до 2030 година. Во рамките на проектот за подготовка на предлог-стратегијата, а следејќи ги одредбите од Законот за животната средина, се спроведе постапка и се изработи предлог-извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на националната транспортна стратегија.
Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во однос на националната транспортна стратегија 2018 – 2030, овие два документа се достапни на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/predlog-nacionalna-transportna-strategija-2018-2030. Исто така, ќе се одржи и јавна расправа по предлог-стратегијата и предлог-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за што дополнително ќе информираме за времето и местото на одржување. Сите забелешки во врска со предлог-националната транспортна стратегија може да се испратат до Министерството за транспорт и врски или на електронската адреса на Министерството: [email protected]
Цената на паладиумот се зголеми 15-ти ден по ред. Сега овој метал е поскап отколку што некогаш било златото. Цената на паладиумот достигна рекорд од…
Грците започнаа пилот проект, кој ќе се обиде да ги спречи и да ги поништи ефектите од „одливот на мозоци“, пренесува Times. Според податоците на…
Третиот квартал годинава резултираше со девизен прилив од туризам поголем за 4,77 проценти за разлика од истиот период минатата година. Вкупниот девизен прилив за првите…
Компанијата Springfield од Гана, откри нафтено поле во Атлантскиот океан крај брегот на таа западноафриканска држава, чиј капацитет се проценува на 1,5 милијарди барели и…
Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести констатирала дека се исполнети епидемиолошките услови за прогласување крај на епидемијата на мали сипаници на територијата…
Австријците оваа година ќе потрошат во просек 34 евра повеќе од 2018 година за купување божиќни подароци, според истражувањето на институтот GfK2. Според тоа истражување,…
Низ целата историја, луѓето се во потрага по херои. Годинава потрагата по херои, суперхерои и херои од секојдневието се случуваше низ целиот свет“, порачаа од…
Се повеќе житарки и тестенини, а се помалку риба и месо. На просечната трпеза во Македонија преовладуваат производите кои се најевтини. Официјалните податоци на Државниот…
Џеф Безос, основачот на Amazon, веројатно e најдобриот бизнисмен во светот во последната деценија, сметаат анкетираните раководители на надзорните одбори на најсилните компании. Речиси една…
Иако едното дете е бело, а другото црно, тие се близнаци. Даниел и Дејвид се родени само со една минута разлика. „Даниел се роди прво,…