29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија остана непроменета

Инфлацијата во Германија остана непроменета

И покрај зголемените цени на енергијата и храната, инфлацијата во Германија останала без промена во април на ниво од 1,6%, пренесе „DPA“.

Податоците за април се исти како во март, кога беше забележано благо зголемување во однос на нивото од 1,4 проценти за февруари, соопшти денеска федералната статистичка служба, цитирана од светските агенции.

Храната порасна за 3,4 проценти во април во споредба со истиот месец од минатата година. Ако се исклучат цените на храната, инфлацијата ќе биде 1,4 отсто во април.

Енергијата била 1,3 проценти поскапа во минатиот месец, отколку во април 2017-та година и иако показателот е помал од севкупната инфлација за месецот, сепак зголемувањето е значително во однос на претходниот месец, забележуваат агенциите.

Усогласен индекс на потрошувачките цени се зголеми за 1,4% во однос на претходната година, но падна со 0.1% во однос на претходниот месец.

Од претходно објавените податоци стана јасно дека економијата на Германија се забавува повеќе од очекуваното во првиот квартал од годината, како во однос на последните три месеци од минатата година, така и на годишна основа.

Во првото тримесечје од 2018-та година германската економија расте со 0,3%, што е под консензус прогнозата на пазарот за раст од 0,4%. Ова е, исто така, најслаб раст од третиот квартал на 2016-та година. За споредба, во претходниот квартал најголемата економија во Европа забележа пораст од 0,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП